ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

Историја

Денес ЛУКОИЛ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди.  Во 2015 годинаЛУКОИЛ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).

Во моментов под брендот на „ЛУКОИЛ„  работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата присутна во Азија, Африка и Америка.

Во тековната година „ЛУКОИЛ„ го зазеде 6 место во рангирањето на американската агенција „Platts" во листата од 250 најголеми енергетски компании низ светот за 2016 година. Рејтинзите се базирани на формулата на Platts, чии  што компоненти се: вредноста на активите, приходите, добивката и враќање на вложениот капитал.

Групацијата „ЛУКОИЛ„ во Република Македонија е претставена со друштвото- ќерка„ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ, кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати. Во моментов компанијата работи со мрежа од 28 бензински станици и еден нафтениот склад.

Основна дејност на „ЛУКОИЛ Македонија„ е насочена кон создавање современа, ефикасна малопродажна мрежа, зголемување  на квалитетот на услуги на клиентите на бензински станици, обезбедување на сервисни услуги и проширување на палета на производи од дополнителниот асортиман, зголемување на лојалноста на потрошувачите. Строгата оценка на квалитетот на горивото и на дадените услуги од страна на потрошувачите е главен критериум за резултатите од нашата работа.