ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

ЛУКОИЛ картички

Со задоволство Ви ја претставуваме новата ЛУКОИЛ картичка за безготовинско плаќање за купените горива, стоки и користените услуги на нашите бензински станици. ЛУКОИЛ картичките можете да ги добиете брзо и едноставно и притоа да ги имате во неограничен број.

ЛУКОИЛ картичката е платежна картичка за денарско плаќање и важи само во Р. Македонија. Оваа картичка Ви служи за плаќање при купување на целиот асортиман на бензинските станици наЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. 

Со нивно користење добивате 24-часовна достапност до висококвалитетни горива, различни типови на производи и услуги на нашите објекти, ажурна евиденција и точна контрола на се што сте купиле во одреден период и во секое време, на Ваше барање, ќе добиете точни податоци за состојбата на вашата ЛУКОИЛ картичка.
Можноста за избор на типот на ЛУКОИЛ картичката зависи од степенот на потребите и ограничувањата на одреден корисник на картичките:

  • Тип на картичка за сите видови горива, стоки и услуги кои ги нудат бензиските станици на ЛУКОИЛ Македонија.

  • За сите видови горива.

  • Исклучиво за дизел гориво.

Исто така, нашиот клиент може да избере и тип на ЛУКОИЛ картичка во зависност од овластените корисници на картичките, односно, таа може да гласи:

  • на регистарски број на возило.

  • н а име на фирма (без ограничување на подносителите и возилата за кои ќе се користат картичките).

Заштитата на клиентот од злоупотреба на ЛУКОИЛ картичките се обезбедува со задолжително внесување на персонален идентификациски број (ПИН) при секое користење на картичките.

Долгогодишната практика на компанијата ЛУКОИЛ покажа дека нашите клиенти се најзадоволни кога условите под кои се издава ЛУКОИЛ картичката ги приспособуваме на нивните деловни потреби.

Особено ако вашата фирма има голем возен парки или, пак, поголем број на транспортни средства, ЛУКОИЛ картичката е многу поволна бидејќи, покрај другите предности, имате и детална евиденција за испорачаното гориво.

За повеќе информации обратете се на следниот телефонски број +389023293026.

Е-маил: LukoilKarticki@lukoil.com.mk

  • Барање за Лукоил картички 

  • Општ договор за картички

  • Податоци за уплата

Онлајн проверка на сметка

Почитувани клиенти, За влез во апликацијата и проверка на вашата сметка, кликнете на линкот:

​Контакт лице:

Даниел Јакимовски

Богданчо Андреев  ​

023293036

023293021