ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

Моторни масла

ЛУКОИЛ во своите постројки произведува широка палета на моторни и индустриски масла (машини, компресори, турбини, трансформатори, и.т.н.) и на тој начин ги задоволува сегашните интернационални барања на потрошувачите.

Маслата на ЛУКОИЛ се произведуваат во Русија со примена на најсовремена технологија и најефикасни адитиви, пакети на адитиви и суплементи произведени од SHELL Additives, Exxon, Lubrizol и Ethyl компаниитe.

ЛУКОИЛ секогаш ги зема предвид барањата на своите потрошувачи и нивните преференци, притоа снабдувајќи ги со висококвалитетни производи и практикувајќи одлични услови на испорака.

ЛУКОИЛ е вистински партнер за соработка, во смисла на квалитет на неговите производи, испораката и адекватните цени.

Нашиот склад за масти и масла се наоѓа во нафтената база во Штип, на ул. „Брегалничка" бб.

* Напомена — за количества над 0,5 т вршиме испорака до крајниот корисник на територијата на Република Македонија

ЛУКОИЛ ви препорачува како да го изберете вистинското моторно масло

  • Доколку автомобилот веќе поминал 25% од предвидената километража, користете го маслото од марката SAE 5W-30 или 10W-30 за сите сезони.

  • Доколку автомобилот поминал од 25% до 75% од предвидената километража (технички исправен мотор), во летниот период  ви го препорачуваме масло од марката SAE 10W-40 и 15W-40, а во зимскиот период SAE 5W-30 и 10W-30, како и маслото за сите сезони SAE 5W-40. 

Доколку автомобилот поминал повеќе од 75% од предвидената километража (стар мотор) се препоручува во летниот период употреба на масло од марката SAE 15W-40 и 20W-40, а во зимскиот период SAE 5W-40 и 10W-40, како и масло за сите сезони SAE 5W-40. 

  • LUKOIL AUTOMOTIVE
  • LUKOIL INDUSTRIAL

Каталог ЛУКОИЛ масла 2014