ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

„ЛУКОИЛ„ создава вредности за новите времиња

{ 14.03.2017 00:00:00 }

„ЛУКОИЛ Македонија„ e присутна речиси 12 години на македонскиот пазар. ​Денес „ЛУКОИЛ Македонија„ е општествено одговорна компанија што овозможува еднакви можности за личен развој и напредок во кариерата, без разлика на половата припадност. Tака што не е случајно што на бензинските станици на „ЛУКОИЛ Македонија“ работат жени, кои се амбициозни, професионалноподготвени и успешни, а истовремено посветени на семејството и децата. А жените се и чести потрошувачи на бензиските на „ЛУКОИЛ Македонија“, кои го преферираат горивото ЕКТО, кое е безбедно за животната средина и кое ја подобрува работата на моторот на автомобилот.

ЕКТО горивото од ЛУКОИЛ содржи помалку бензол и сулфур во споредба со другите автомобилски бензини, кои се продаваат на пазарот во Република Македонија. Дамите многу добро ги препознаваат предностите на ЕКТО горивата од ЛУКОИЛ со нивната основна карактеристика „економичност„, која позитивно влијае на буџетите во семејствата.“Ми претставува задоволство што работам во компанија како „ЛУКОИЛ Македонија„, каде без оглед на полот, возраста и потеклото, секој вработен е вреднуван според трудот. Не постојат бариери или привилегии при вработувањето, а и потоа во односот меѓу нас вработените. Мене и на останатите жени вработени во „ЛУКОИЛ Македонија“ тоа особено ни значи и среќни сме што сме тука. Сето тоа се одразува во односот со нашите клиенти. На нашите бензински станици секогаш ве пречекуваат професионалност и насмевки.

Клиентите ни остануваат верни, а тоа допринесува за целокупни​от успех на компанијата. Се радувам што се почесто ме сретнуваат луѓе на кои воопшто не им е чудно што работам на позиција “нетипична за жени“, затоа што „ЛУКОИЛ Македонија„, со политиката на вработување, го “сруши“ тој стереотип.“ – вели Билјана Иванова, вработена бензинската станица на „ЛУКОИЛ Македонија„ на улица Првомајска.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани