ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Одржан деветтиот конкурс „Најдобар во својата професија„ во Перм, Руска Федерација

{ 28.08.2017 00:00:00 }

Согласно одлуката на управата на Компанијата на 21-24 август 2017г. во  Перм, Руска Федерација се одржа деветтиот конкурс за професионални знаења и умеења на вработените од Ко​мпанијата ЛУКОИЛ „Најдобар во својата професија„.

На овој меѓународен конкурс учествуваа Милена Богдановска вработена на бензинска станица Куманово во категорија продавач на бензинска станица  и Александар Рунтевски вработен на бензинска станица Камник во Скопје во категорија оператор на бензинска станица (работа при прием и евиденција на нафтени деривати.

Нашата колешка Милена Богдановска  во категорија продавач на бензинска станица на натпреварот освои трето место. Освен знаењето и искуството кое го има со себе, харизматичноста, спонтаноста, топлината, ведрината остави неверојатен впечаток кај комисијата на практичниот дел. Искрени честитки за Милена и се надеваме дека ова ќе биде само импулс за нови успеси.

Имено, топлината која нашите луѓе од Балканот ја носат, освен знаењето и искуството беа мерило за оцена на односот на продавачот на бензинска станица. Спонтаноста кај натпреварувачите од БМРО  со која ги решаваат сите поставени задачи ја воодушевуваше жири комисијата. Нашите учесници Милена и Александар продемонстрираа високо професионално знаење  и докажаа дека во ЛУКОИЛ Македонија работат вистински професионалци во својата професија. Меѓутоа, најголем впечаток остави дружењето и вистинскиот тимски дух кој владееше во нашиот тим.

Имено, делегациите од БМРО Македонија, Србија и Хрватска беа претставувани како посебни екипи, но на самиот натпревар беа како еден тим, секогаш спремни да помогнат еден на друг. Во текот на самиот натпревар поддршка во превод  беше давана од страна на сите колеги на БМРО, имено, на нашиот колега Александар му помогна колешката од Србија, на колегата од Србија му помогна колешката од Хрватска, на колегата од Србија му помогна колешката од Македонија итн. Ова е единствен случај  претставници на други земји да помагаат на конкуренција, но и вистински доказ на колегијалност. Претставниците од сите три земји на БМРО, се дружеа, учеа и навиваа еден за друг со што покажаа дека мотив на овој натпревар не е само победа, туку нешто што ќе се памети многу долго.

Во финалето се натпреваруваа над 80 учесници во различни категории, и тоа од Русија, Белорусија, Азербејџан, Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Молдавија итн. Раководството на Компанијата изрази благодарност за учеството во  конкурсот и надеж дека високиот професионализам кај нашите вработени секогаш ќе биде гаранција за стабилен развој на ЛУКОИЛ Македонија.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани