ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Нови иновативни и подобрени ЕКТО бензини на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија

{ 18.10.2017 00:00:00 }

​ЛУКОИЛ Македонија од неодамна на своите бензински станици започна со продажба на нови иновативни подобрени горива ЕКТО Спорт и ЕКТО Плус кои ја подобруваат моќноста и економичноста на моторот, истовремено овозможувајќи заштита на животната средина.

Брендираните ЕКТО Спорт и ЕКТО Плус од ЛУКОИЛ се создадени во согласност со европските стандарди и регулативи за користење на современи и еколошки горива, но и во склад со начинот и темпото на современото живеење.

Максимално се прилагодени на новите софистицирани модели на автомобили кои имаат потреба од квалитетни и ефективни еколошки горива. Во 2011 година ЛУКОИЛ Македонија започна со продажба на своите бензински станици на новото поколение на моторни горива ЕКТО Дизел, ЕКТО Плус и ЕКТО Спорт. За прв пат во Македонија за време на зимскиот период 2015-2016 на пазарот беше понудено специјално дизел зимско гориво од ЛУКОИЛ.

„Следејќи го слоганот на ЛУКОИЛ „Секогаш во движење“ така и ние не застануваме, затоа од оваа есен нашите клиенти ќе може да ги набават новите ЕКТО бензини со уште подобар квалитет. Тоа е одговор на компанијата ЛУКОИЛ на предизвиците на 21 век за заштита на екологијата и енергетската безбедност – двата глобални проблеми за човештвото. Во споредба со обичното гориво, горивото ЕКТО поседува подобрени економски и експлотациони својства. ЕКТО горивата се производ на Компанијата ЛУКОИЛ и можете да ги најдете исклучиво на бензинските станици на ЛУКОИЛ. Уште една предност  е тоа што примената на ова гориво дава дополнителни км возење со еден полн резервоар. Воедно, за оние за кои што движењето претставува живот, а брзината  искушение, и за оние кои сакаат вистински спортски стил на возење, и кои се  навикнати да го имаат најдоброто за себе и својот автомобил,  новите моторни бензини ќе бидат вистински предизвик за нив“, велат од раководството на ЛУКОИЛ Македонија.

„ЛУКОИЛ Македонија„ е дел од Балканската меѓурегионална групација на  компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати преку мрежата на бензински станици. Во моментов компанијата работи со мрежа од 27 бензински станици и еден нафтен склад, која воедно  е еден од поголемит​е снабдувачи со гориво во земјава, синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата на потрошувачите е резултат на континуираните иновации и инвестиции во производството, но и на филозофијата на „ЛУКОИЛ Македонија„, да се работи посветено, максимално грижејќи се како за своите вработени, така и за своите клиенти и потрошувачи.

 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани