ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Извлечен среќниот добитник кој ќе патува во Москва

{ 20.12.2017 00:00:00 }

Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија, извлечен среќниот добитник кој ќе патува во Москва.

По четиримесечната наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија конечно е извлечен среќниот добитник кој ќе ја има исклучителната можност да патува во престолнината на Русија и седум дена да ужива во  бајковидната Москва. Јане Боцевски од Скопје е среќниот добитник кој во друштво на уште еден ќе ја има оваа уникатна шанса и ќе отпатува за да создаде незаборавни моменти за паметење.

„Секојпат кога сум учествувал на некоја наградна игра никогаш не сум очекувал дека токму јас ќе ја добијам главната награда, но ете овој пат испадна дека среќата токму мене ми се насмевна и едвај чекам да ја искористам можноста да ја посетам оваа земја која има непроценлива историја и шарм. Им благодарам на ЛУКОИЛ и им посакувам уште долги години успешна работа“, изјави добитникот Јане.

 Наградата му ја додели регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија Андреј Куку кој оваа можност ја искористи за изрази искрени честитки и задоволство од успешно завршената наградна игра: „Задоволств​о е  да се подарува, ја цениме довербата која ни ја даваат нашите потрошувачи и не ја пропуштаме можноста секој пат кога можеме да им се заблагодариме. Наградната игра беше една таква можност и среќен сум дека конечно ги имаме сите добитници и можеме конечно да кажеме дека наградната игра заврши успешно. На Јане му честитаме како и на останатите добитници на ваучери за патување и им посакуваме среќен пат со желба да создадат спомени на кои ќе се сеќаваат целиот живот“

Наградната игра траеше од 18 септември до 10 декември, а среќните добитници беа извлекувани по случаен избор на секои 2 недели. Извлечените учесници имаа можност да станат сопственици на 30 вредносни ваучери запатување, додека најсреќниот добитник на главната награда,  доби ваучер за 7 дневно патување за двајца во Москва.
 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани