ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ Македонија со нов корпоративен стил на бензинските станици во Кисела Вода и Аеродром

{ 01.02.2018 00:00:00 }

​Од неодамна ЛУКОИЛ Македонија во Скопје реновираше и модернизираше две свои бензински станици и тоа во Кисела Вода на улица „Борис Трајковски“ и во Аеродром на булевар „Србија“. Во компанијата се воведени нови стандарди по кои се градат сите нивни бензински станици, па така веќе постоечките ќе се реновираат со цел да се задржи унифицираноста и да се создадат подобри услови за нивните потрошувачи.

„Изминатиов период е само доказ дека ЛУКОИЛ не мирува! Секогаш се трудиме да ги следиме најновите трендови и да им понудиме на своите клиенти врвно потрошувачко искуство. Високиот квалитет на горивото, секогаш мора да стигне до секој потрошувач на „ЛУКОИЛ“ преку најефикасна и најквалитетна услуга, на секоја бензиска станица. Затоа, во последниве  години работевме на осовременувањето на продажните места“, изјави регионалниот управител г-ин Андреј Куку.

Реновирани по новиот корпоративен стил беа бензинските станици  во повеќе градови низ Македонија, во Битола, Тетово, Скопје, Радовиш, Кочани итн. Новите бензински станици покрај врвното брендирано гориво ЕКТО кое екслузивно може да се набави само на бензинските на ЛУКОИЛ, нудат повеќе услуги од дополнителниот асортиман, вкусно кафе, интернет, тераси за одмор итн.

На новите објекти во Скопје има wi-fi, а на бензинската во Аеродром направена е​ комплетно затворена тераса и освежен и разубавен простор кој ќе им посака добредојде и среќен пат на сите свои посетители.

 

 

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани