ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ Македонија донираше прочистувачи за воздух во повеќе скопски градинки

{ 27.02.2018 00:00:00 }

ЛУКОИЛ Македонија опреми четири детски градинки со прочистувачи за воздух во општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Карпош, а како велат од компанијата ваквата донација ќе продолжи и во иднина за да се опфатат што поголем број на градинки и да им се овозможи поздрава средина на децата.

„Свесни сме за тежината на проблемот со загадениот воздух со кој Скопје секоја година се соочува и како одговорна и сериозна компанија која совесно работи и се грижи за средината нашата задача е да обезбедиме еколошки горива кои ја штитат околината и при секоја отворена можност да помогнеме онаму каде е потребно. Затоа решивмеда донираме прочистувачи на воздух за детските градинки во општините кои се најпогодени од загрижувачкото ниво на загаденост. На овој начин би сакале да дадеме скромен, но значаен допринос во создавањето подобри услови за најмалите“, изјави регионалниот управител г-дин Андреј Куку.

Како компанија која се занимава со продажба на горива ЛУКОИЛ Македонија ја разбира одговорноста која ја има пред општествената заедница, па затоа, една од приоритетните задачи и стратешки цели е одговорно да се грижи за животната средина, да го помогне економскиот развојот, социјалната стабилност и  рационалното користење на природните ресурси.

На официјалното доделување во градинката “Пролет”, објект: “Сончогледи”, во  Влае,  која е дел од оваа донација, присуствуваше и градоначалникиот на општина Карпош Стефан Богоев, кој по тој повод изјави: „Општина Карпош ја истакнува својата благодарност до ЛУКОИЛ Македонија,  за донацијата на прочистувачи за воздух кои денеска беа доделени на градинката “Пролет”,во урбаната заедница Влае.

На настанот беа присутни и претседателот на советот на Општина Карпош, и директорката на градинката Вита Јаковлевска која изрази зборови на благодарност. ЛУКОИЛ Македонија, покрај општествената одгов​орност  ги следи потребите за нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива кои се пријатели на животната средина. Како резултат на оваа заложбатие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерацијаги задоволуваат највисоките европски стандард.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани