ЛУКОИЛ Македонија со победа до третата шампионска титула во Бизнис Лигата
вторник, 29 мај 2018
На 28.05.2018 на програмата беа завршните натпревари од одличната сезона во Бизнис-лигата, финалето заврши со преубедлива победа на ЛУКОИЛ Македонија над Рамстор. Финалето на Бизнис Лигата на Македонија го одиграа Рамстор и ЛУКОИЛ Македонија, натпреварот имаше одлично отварање и уште во првата минута видовме одлични шанси за погодок и на двете страни. Екипата на ЛУКОИЛ беше таа што го скрши мразот и го отвори резултатски овој натпревар во 13та минута преку одличен погодок на Алаѓозовски. До крајот на полувремето екипата на Рамстор создаде неколку шанси за намалување на негативата, но екипата на ЛУКОИЛ Македонија одлично ја постави играта во одбрана и не го дозволи тоа.
Во второто полувреме екипата на Рамстор тргна жестоко кон противничкиот гол обидувајќи се да ја намали предноста тие создадоа повеќе шанси за израмнување, но имаа слаба реализација и во неколку ситуации среќата им го сврте грбот. До крајот на натпреварот екипата на ЛУКОИЛ Македонија успеваше да ја казни крајно офанзивната игра на Рамстор и да го добие овој натпревар со убедливи 6-0.