ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Модернизација на нафтената база во Штип

Приоритетна задача на ЛУКОИЛ Македонија  е да се создадат безбедни услови за работа за вработените, здравјето на вработените и граѓаните на Република Македонија, како и зачувување на животната средина со користење на најдобрите достапни технологии. Ова се дел од стратешките цели на компанијата.

Нашата политика е подобрување на нивото на работно место и животната средина благодарејќи на воведување на нови технологии. На нафтената база во Штип, направена е модернизација, односно  пуштен е во работа систем за рекуперација на испарливи соединенија на нафтени деривати  од  Француско производство  (CARBOVAC Vapori Rekovery Solutions).

Со примената на овој систем при утовар или истовар на нафтените деривати во атмосферата се испуштаат од  0 до 10 г/м. кубен испарливи соединенија, од  законски дозволените  35г /м кубен за секој еден час.

Ова е уште еден доказ дека компанијата не мирува и постојано ги следи и имплементира новите технологии.

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани