ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Моторни масла ЛУКОИЛ ГЕНЕЗИС на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија

{ 01.03.2016 00:00:00 } Маслата ЛУКОИЛ ГЕНЕЗИС се одликуваат со намалена содржина на сулфур, фосфор и сулфатни соли и затоа целосно одговараат на еколошките барања за средствата за подмачкување кои се користат за моторите Euro 5 и 6.

Иновациските масла ЛУКОИЛ ГЕНЕЗИС, кои се насочени кон  намалување на потрошувачката на гориво, овозможуваат заштеда на околу 1 литар ​​​​гориво на еден резервоар, во споредба со претходните генерации масла, притоа намалувајќи го исфрлањето на јаглеводород во атмосферата.

Моторните масла ЛУКОИЛ ГЕНЕЗИС ​​одговараат на нивото на експлоатациски својства според класификацијата API SN (лиценца API #2523), а исто така лиценциран според стандардот GM Dexos2. Производите исто така имаат официјални одобренија од автомобилските производит: MB Approval 229.51, VW 502 00/505 00, BMW Longlife-04, Renault RN 0710 и целосно одговараат на барањата на ACEA C3-2010. ​

  • Вест во формат PDF