ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА - 10 ГОДИНИ ВО ДВИЖЕЊЕ

{ 10.10.2015 00:00:00 }

На свеченоста организирана по овој повод во петокот на 9-ти октомври во МНТ се обрати генералниот директор на Лукоил Македонија, г. Андреј М. Куку, кој пред присутните зборуваше за резултатите од повеќегодишниот труд и идните планови за проширување на мрежата и услугите за граѓаните. Свои честитики за понатамошно успешно работење на компанијата пак, упатија повеќе​​ високи државни и дипломатски претставници.

„Горди сме што успеавме да ги поставиме стандардите за најефикасна и најквалитетна услуга во Македонија. И во иднина ќе продолжиме да работиме на осовременување на продажните места и да ги следиме светските трендови, за да им понудиме врвно искуство на сите наши потрошувачи. Највисока оценка за нашиот труд претставува токму нивната доверба. А, тоа е најголем мотив за да работиме уште подобро и секогаш да бидеме први во сѐ, да не остануваме само на она што веќе е постигнато и да ја следиме нашата девиза „ЛУКОИЛ секогаш во движење„.

Со своето доаѓање во 2005 година ЛУКОИЛ Македон​​ија воведе нови критериуми и повисоки стандарди во работењето, нудејќи им на македонските граѓани многу поквалитетни горива и ниво на услуги, со што стана вистински пример за другите странски компании во Македонија. Влегувањето на македонскиот нафтен пазар во јавноста беше доживеано како „свеж ветер на промени“ и „локомотива во привлекувањето на инвестиции“. Во изминатиот период ЛУКОИЛ Македонија воспостави мрежа од склад за нафтени деривати, 27 бензиски станици според најсовремените светски стандарди и 400 вработени, со што компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава. Во периодот од 10 години ЛУКОИЛ Македонија има пласирано над 1 милион тони нафтени деривати на македонскиот пазар. Денес оваа компанија зафаќа 16 отсто од макед​онскиот нафтен пазар, стоејќи цврсто на својата позиција благодарение на гаранцијата за квалитетот и високото ниво на услугите коишто им ги нуди на своите потрошувачи.

Во рамките на глобална групација ЛУКОИЛ, ЛУКОИЛ Македонија беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, ​​но и пошироко.

Компанијата ЛУКОИЛ Македонија спаѓа во 10-те најголеми претпријатија во земјава според остварени приходи од продажба. Само во 2014-та оваа компанија на државата ѝ исплатила 45,98 милиони евра за даноци, давачки и придонеси.
За изминатите 10 години колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на нашиот пазар се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите, проширувањето на мрежата и финансиските резултати. За сето тоа најзаслужни се менаџментот и целиот колектив со нивниот упорен труд, коишто уживаат и константна поддршка од страна на Владата на Македонија.​
  • Вест во формат PDF