ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Лукоил преку пенали до шампионската титула

{ 15.05.2015 00:00:00 }

​​Екипите на Лукоил и Монтенгро финалниот дуел го започнаа со дефанзивна игра во која чекаа да искористат грешка во нападот на противничката екипа, па така преку контранапад да дојдат до гол. Но на двете страни се играше претпазливо и не дозволија да се дојде до чиста ситуација за гол, па на крајот мрежичките мируваа и полувремето заврши со 0-0. Истата ситуација се преслика и во второто полувреме. Се играше доста затворено без реални шанси за гол, и двете екипи како да чекаа да влезат во пенал завршница која на крајот и ја добија. Во пенал завршницата екипата на Лукоил имаше поладна глава и стигна до победа. ​

  • Вест во формат PDF