ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ Македонија повторно прогласена за најдобро претпријатие во Групацијата ОАД ЛУКОИЛ надвор од Русија

{ 23.07.2014 00:00:00 }

​​Со решение на раководството на Компанијата “ОАД ЛУКОИЛ”,  ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје по втор пат се здоби со признание за „Најдобро претпријатие за 2013 година“.

За изминатите 9 години, колку што “ЛУКОИЛ Македонија” постои на пазарот, ова е втора награда од ваков тип, со која се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите,  проширувањето на мрежата и финансиските резултати

Церемонијата на свечено доделување на наградите беше одржана во Москва, Руската Федерација.

 Прв пат признание од вако​в тип компанијата ЛУКОИЛ Македонија доби во 2011 година. Истата година компанијата ЛУКОИЛ Македонија ги пласираше на пазарот новите горива „ЕКТО„ од ЛУКОИЛ.

“ЛУКОИЛ Македонија” го зголеми бројот на бензински станици во земјава и денес тој изнесува 26.  Ова е период кога стануваат видливи и впечатливи резултатите од нашиот повеќегодишен труд во Македонија.

Во досегашното работење во Македонија “ЛУКОЙЛ” наметна нови и повисоки стандарди  на работа во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станиц​​и, со што пози​​тивно влијаеше врз промената на концепцијата и подобрување на конкуренцијата на пазарот. Оваа награда за нас е комплимент но, и обврска да бидеме иновативни и подобри  – изјави по овој повод генералниот директор на “ЛУКОИЛ Македонија”, Андреј Куку.​

  • Вест во формат PDF