ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ со повеќе гориво преку ЈСП во финалето во бизнис лигата

{ 06.05.2014 00:00:00 }

​​Ледот го скрши екипата на Лукоил преку убедливо најдобриот голман во Лигата – Марјан Цветковски, кој не ретко знае да постигне и гол, како што беше на самиот почеток од овој натпревар. Под негово водство Лукоил уште во раната фаза од натпреварот влезе во посакуваниот ритам. Екипата на Лукоил по остар старт остана со играч помалку, што беше иницијална каписла ЈСП да се врати во натпреварот и стигне до само еден гол негатива, како што впрочем се отиде на полувремето (3-2). Во второто полувреме екипата на Лукоил буквално во првите 10’ постигна еврогол преку Игор Дамјаноски, но не за долго. Екипата на ЈСП преку Давор Калиновски веднаш возврати, не дозволувајќи Лукоил резултатски да се одлепи. Но на крајот, пред се физичката подготвеност на Лукоил беше пресудна во издвојување на победата над ЈСП.

Во среда на 07.05.2014, во 20:30 часот, во салата Борис Трајковски, Лукоил ќе се сретне со екипата на Монтенегро во финалето на Бизнис лигата.​
  • Вест во формат PDF