ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Во Гевгелија отворена дваесет и првата бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија

{ 08.03.2013 00:00:00 }

​​На свеченото отворање на објектот присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. г-дин Олег Николаевич Шчербак, претставници на Македонската Православна Црква, Градоначалникот на општина Гевгелија г-дин Иван Франгов, претставници на кабинетот на Претседателот на РМ, генералниот директор на ЛУКОИЛ Македонија г-дин Андреј Михајлович Куку како и други соработници и пријатели на ЛУКОИЛ. Бензинската станица е лоцирана на автопатот А1 (Е-75) на граничниот премин Богородица непосредно по влегувањето во Република Македонија. Објектот се простира на 3777м2 и располага со 3 диспанзери кои овозможуваат истовремено точење на горива на 6 возила, апарат за вода – воздух, мини маркет како и современ ресторан. Новата бензинска на потрошувачите ќе им овозможи да наточат „ЕКТО“ горива со најдобар квалитет на пазарот, течен нафтен гас, ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман и да бидат услужени од професионалниот и секогаш добро расположен персонал. ​

  • Вест во формат PDF