ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Во Струмица отворена јубилејната дваесетта бензинска станица

{ 11.10.2012 00:00:00 }

На свеченото отворање на објектот присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. г-дин Олег Николајевич Шчербак, митрополитот Европски Пимен, градоначалникот на општина Струмица г-динот Зоран Заев, пратениците на Собранието на РМ Славе Гошев и Васил Пишев, генералниот директор на ,, ЛУКОИЛ Македонија“ г-динот Андреј Михајлович Куку и други соработници и пријатели на ЛУКОИЛ. Бензинск​​ата станица е лоцирана на магистралниот пат М6 Струмица – Радовиш, на парцела со површина од 3.500 метри квадратни и со својот изглед го украсува излезот од градот Струмица. Изградена според најсовремени стан​​дарди, бензинската станица се состои од мини маркет, мини бар, апарат за вода- воздух и  3 диспанзери кои овозможуваат истовремено точење на нафтени деривати на 6 возила.  На овој објект, втор под брендот „ЛУКОИЛ“ во г. Струмица, на потрошувачите ќе им се овозможи да наточат „ЕКТО“ горива со врвен квалитет, течен нафтен гас, ЛУКОИЛ моторни масла, да се напијат вкусно кафе, да ги купат потребните производи од широкиот асортиман и да бидат услужени од професионалниот и секогаш добро расположен персонал.


Објектот работи 24 часа и на него се вработени 15 лица, жители на општина Струмица.​
  • Вест во формат PDF