ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Групацијата ЛУКОИЛ го избра ЛУКОИЛ Македонија за најдобро претпријатие надвор од Русија

{ 29.07.2012 00:00:00 }

​​Церемонијата на свечено доделување на наградите беше одржана во Москва, Руската Федерација.

За изминатите 7 години, колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на пазарот, ова е прва награда од ваков вид, со која се валоризираат достигнувањат​​а во работата, во усовршувањето на услугите за граѓаните, во проширувањето на мрежата и финансиските резултати.

ЛУКОИЛ Македонија годинава го зголеми бројот на бензински станици на 19, а во периодот август-септември планирано е да се пуштат во употреба  ушт​​е два нови објекта. Со тоа, бројката на вработени во Македонија ќе достигне 300 лица.

- Ова е период кога слободно можат да се сведат работите од нашиот повеќегодишен труд во Македонија. По углед на стандардите што ги воведе ЛУКОИЛ во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските, се смени и целата концепција на сите други конкуренти на пазар​​от. Оваа награда за нас е комплимент, но, и обврска да бидеме иновативни и подобри – изјави по овој повод генералниот директор на ЛУКОИЛ Македонија, Андреј Куку.

Според резултатите од 2011 година, ЛУКОИЛ Македонија се искачи на 10-то место (во 2010 година беше на 14-то) на официјалната листа на 200 најголеми компании во​​ земјава.

Во изминатите 7 години, Групација ЛУКОИЛ во развојот на мрежата во Македонија  вложи над 40 милиони долари, а само ланската година во буџетот на РМ беа уплатени речиси 62 милиона долари.
  • Вест во формат PDF