ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ планира зголемување на инвестицијата во Македонија

{ 21.06.2012 00:00:00 }

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски на средбата потенцирал дека Владата на Република Македонија е подготвена да даде целосна поддршка на реализација на плановите на руската компанија. Притоа, премиерот Груевски истакнал дека влезот н​​а ЛУКОИЛ на македонскиот пазар ја подобрил конкурентноста и ги унапредил процесите од кои најмногу полза имаат потрошувачите и граѓаните.

Соговорниците изразиле задоволство од досегашната соработка и од посветеноста на двете страни во  продолжување на тековните процеси кои се од интерес и за Република Македонија и за руската нафтена компанија.
Премиерот Груевски, во рамки на посетата на Руската Федерација, денеска во Санкт Петербург се сретнал и со рускиот претседател Владимир Путин.

Во владиното соопштение се вели дека средбата е оценета како нов сигнал и насока за политичките, но, и за економските односи меѓу двете земји во наредните години.​​ Таа е уште една потврда дека Република Македонија во Русија е примена на највисоко ниво и дека има извонредно отворена врата за развој на политичките, но пред се и за економските односи.

Премиерот Груевски присуствувал и на отворањето на престижниот и реномиран Меѓународен економски форум на Санкт Петербург​​, како  и на заедничкиот ручек со шефови на држави и влади кој го организирал рускиот претседател Путин.  На овој престижен форум, традиционално учествуваат реномирани економски експерти, аналитичари, бизнисмени и политичари.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум за презентација на инвестициските можности и поволности кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори. При престојот во Санкт Петербург, премиерот Груевски ќе го отвори и почесниот конзулат на Република Македонија во Руската Федерација.

Минатите денови в​​​​​ладиниот тим оствари посета на повеќе руски градови каде беа одржани бизнис форуми за презентирање на македонските поволности за инвестирање, а во рамки на посетата на Руската Федерација, Груевски оствари средби и со губернатори на повеќе области.

Македонската делегација ја почна посетата на Руската Федерација во Москва каде можностите за инвестирање во Македонија беа презентирани пред околу стотина руски инвеститори, а беше потпишан и договор за соработка меѓу Република Македонија и Московската област.
  • Вест во формат PDF