ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

Свечено отворена новата бензинска на ЛУКОИЛ на автопатот Куманово-Скопје

{ 07.04.2012 00:00:00 }
Реализацијата и пуштање во употреба на вакви проекти се уште еден мотив повеќе за нас да продолжиме со работа. Да продолжиме со уште посилно темпо, да му овозможиме на секој оној кој што сака да инвестира во Македонија, да му ги направиме условите за инвестирање што полесни, рече премиерот.

Тој додаде дека Русија е значаен партнер и инвеститор во Македонија и во тој контекст ја најави и претстојната посета на владина делегација на оваа земја, каде во неколку градови ќе бидат презентирани условите што кај нас се нудат за водење бизнис.

Директорот на Лукои​​л Македонија Андреј Куку рече дека ова е 17-та бензинска и дека станува збор за најголем и досега најсовремен ваков објект на оваа компанија, кој се простира на 6.000 метри квадратни. Изградена е на две нивоа, од кои едното е на автопатот Е-75, а другото на регионалниот пат Романовце - Куманово. Во состав на комплексот практично влегуваат 2 бензински, ресторан, маркет, голем паркинг за товарни возила и автобуси и детско игралиште и се вработени 30 лица.

Обраќајќи се кон присутните, Куку посочи дека со високиот квалитет на услуга и со воведувањето на современи технологии ќе ја оправдаат довербата на купувачите. Тој изрази особенна благодарност кон министерот за транспорт и врски, кон вработените во ова Министерството, во општината К​​уманово, до Агенцијата за патишта и до сите други органи кои помогнаа оваа, не така едноставна бензинска, да се изгради. Во градбата учествуваа проектантското биро ФИЛБИС, Агробонак, Бетон Штип, ЛТА ЕМО Водно.

Најавувајќи ги идните проекти, генералниот директор на ЛУКОИЛ Македонија рече дека ваков сличен комплекс ќе се гради и близу Гевгелија.​​

Компанијата најави годинава отворање на уште три нови пумпи.

На свеченоста присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег​​ Шчербак.

-Задоволни смезатоа што и покрајнегативното влиjaние нафинансискатакриза,трговско-економските и инвестициски односи меѓунашите земjиактивно​​се развиваат.Во 2011 годинаобемот на трговската размена се зголеми за 25 отсто во споредба со 2010 година и изнесува 723 милиони американски долари.Годинава,се надеваме,ќе достигнеме нивотоодпред кризатаод1 милијардаамерикански долари – изјави рускиот амбасадор Шчербак.

Тој додае дека „Амбасадата на Русиjaво Македониjaви​​соко ја оценува и поддржува дејноста на компанијана ЛУКОИЛ коjaна македонскиот пазар промовира високи стандарди на квалитет, грижливост конживотната средина иформирање на поволна бизнис клима во односите меѓудвете земји.


(Користени се материјали од текстот на МИА објавен на 07.04.2012) ​
  • Вест во формат PDF