Во текот на месец мај во "Лукоил Македонија" беше одржана првата фаза од натпреварот за изборот "Најдобар во професија" во следните професии:
- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати)- Оператор на бензинска пумпа (работа во маркет на бензинска пумпа - продавач)
На натпреварот, во овие две специјалности, учествуваа вкупно 51 натпреварувачи, по двајца учесници од секоја бензинска станица. Натпреварот се состоеше од два дела:
- Во првата фаза на конкурсот натпреварувачите беа тестирани за познавање на правилата и стандардите на компанијата, работење согласно утврдениот правилник за дополнителен асортиман и мерчедајзинг.- Втората фаза од натпреварот беше практичен на кој натпреварувачите ги покажаа своите знаења за работа при одредена температура и густина на нафтени деривати и начин на оформување на документацијата како и начин на давање на услуги на клиентите на бензинските на ЛУКОИЛ.
Конкурсот "Најдобар во Професија" во "Лукоил Македонија" се одржа по трет пат. Во 2011 година, "Лукоил Македонија" учествување на Шестиот конкурс на професионалните вештини на организации на Групацијата "Лукоил", "Најдобар во професија" во Волгоград, во 2013 година на седмиот во Нижни Новгород.
Според резултатите од конкурсот за најдобар во својата професија оваа година беа:- Оператор на бензинска пумпа (работа при прием и евиденција на нафтени деривати):
- Александар Рунтевски- Борче Јаковлески
- Георги Велески- Оператор на бензинска пумпа (работа во маркет на бензинска пумпа - продавач)
- Милена Богдановски- Викторија Трајкоска
- Каролина ЈаковлескаНајдобрите претставници во месец август ќе ја претставуваат "Лукоил Македонија" на осмиот конкурс кој ќе биде одржан во градот Уфа.
На 31 мај 2015 година директорот на ЛУКОИЛ Македонија Андреј Куку, беше во посета на Манастирот Бигорски.
Андреј Куку беше примен од страна на игуменот, Архимандрит Партениј. Во таа прилика, му беше врачена на господинот Куку одличието „Претеча“, кое што му беше доделено при свеченото осветување на Горни и Источен Палат.Екипите на Лукоил и Монтенгро финалниот дуел го започнаа со дефанзивна игра во која чекаа да искористат грешка во нападот на противничката екипа, па така преку контранапад да дојдат до гол. Но на двете страни се играше претпазливо и не дозволија да се дојде до чиста ситуација за гол, па на крајот мрежичките мируваа и полувремето заврши со 0-0. Истата ситуација се преслика и во второто полувреме. Се играше доста затворено без реални шанси за гол, и двете екипи како да чекаа да влезат во пенал завршница која на крајот и ја добија. Во пенал завршницата екипата на Лукоил имаше поладна глава и стигна до победа.
За големиот придонес во развојот на енергетскиот комплекс на Русија и на компанијата, од страна на началникот на управата на претседателот на Руската Федерација за државни награди Владимир Осипов и претседателот на Компанијата ЛУКОИЛ Вагит Алекперов му врачија „Орден за дружба" на генералниот директор на „Лукоил Македонија" и раководител на Балканскoто МРО Андреј М. Куку.
Медал „За заслуги пред татковината" втор степен беа доделени на вице претседателот за даноци ОАД „ЛУКОИЛ" Владимир Василев и генералниот директор на "ЛУКОИЛ-Ценатр Нефтепродукт" Владимир Дмитриев.Со почесна титула „Заслужни вработени во нафтената и гасната индустрија на РФ" се здобија работници на „Лукоил Западен Сибир ", Сергеј Илшат Давлетов и Сегеј Шестериков. Доделени се од страна на Министерството за енергетика, почесни дипломи и писма на благодарност на тринаесет вработени во Компанијата.
- Особена важност на врачувањето на овие награди дава претстојниот празник - 70 годишнината од победата во Големата татковинска војна. Нафтените работници на СССР дадоа значаен придонес за оваа благородно дело. Наградите, кои беа доделени на вработените на Лукоил, се уште една потврда за високиот професионализам и важноста на работници во енергетскиот сектор, изјави Владимир Осипов.
Вагит Алекперов меѓу другото нагласи дека компанијата денес им помага на повеќе од 2.000 ветерани поранешни вработени во компанијата „Лукоил" кои учестувале во Големата татковинска војна.
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН на сите наши клиенти и православи граѓани, ви посакува ЛУКОИЛ Македонија
•количина 3 x Dresser Wayne LHR-C44-44
•количина 1x Dresser Wayne S11-211/LPGПредметот на аукцијата е делив;
Дата на одржување на аукцијата е 24 февруари 2015 год. во 12:00 во просториите на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ на адреса бул. Партизански одреди бр.18, 1000 Скопје.
Контакт информации на субјектот:
ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ, со седиште бул.Партизански одреди бр.18, 1000 Скопје, телефон: 02 3293 0238, e-mail: lukoilmacedonia@lukoil.com.mk.
За повеќе информации, превземете го документот
Бензинската е лоцирана во Општината Кочани на улица Димитар Влахов бр.128 и се простира на 2400 м2. Пумпата располага со два диспанзери за точење гориво, апарат за вода – воздух, како и современ мини маркет и кафе бар со тераса. На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да наточат од горивото „ЕКТО“, течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман.
Бензинската станица располага со паркинг и други поволности.Ве очекуваме!
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА за своите верни потрошувачи организира промотивна акција со почеток од 30.09.2014. Соберете пет купони во вредност од 500 денари, и ќе имате можност да купите висококвалитетни производи од програмата на Фискарс и Гербер по многу поволни цени Производите се со доживотна гаранција. Дополнителни информации може да побарате од вработените на нашите бензински станици.