Една од работите по која 2018 година ќе биде забележана и запомнета е Светското првенство во фудбал кое оваа година ќе се одржи во Русија. За љубителите на овој спорт зарем постои поголема среќа од тоа да имаат можност да присуствуваат на финалниот натпревар кој ќе го закити победничкиот тим со пиететот „Најдобрите во свет!“.
По четиримесечната наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија конечно е извлечен среќниот добитник кој ќе ја има исклучителната можност да патува во престолнината на Русија и седум дена да ужива во бајковидната Москва. Јане Боцевски од Скопје е среќниот добитник кој во друштво на уште еден ќе ја има оваа уникатна шанса и ќе отпатува за да создаде незаборавни моменти за паметење.
„ЛУКОИЛ сака кога ги изненадува своите ценети потрошувачи и секогаш се стремиме да градиме пријателски односи со нив. Нашите бензински станици не се перцепираат само како место каде ќе го наполните резеварот со гориво туку нудиме топла атмосфера каде секој посетител се чувствува добредојден, па зошто и да не ги наградуваме и изненадуваме истите.
„Животот е полн со бои само кога е безбеден“ е насловот на новата едукативна активност која започнува да се реализира од денес, а е резултат на соработка меѓу Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и компанијата „ ЛУКОИЛ Македонија“.
Компанијата заврши со реорганизација на мрежата на бензински станици во европските земји који ги спроведе во 2015-2016г. со цел да се сконцентрира на активите кои се максимално интегрирани во производниот ланец на европските рафинерии на Компанијата.