ЛУКОИЛ Македонија денеска ја отвори новата бензинска станица на автопатот Е-75 на излезот на Куманово во правец кон Скопје, кај месноста Мачја Глава. На свеченото отворање присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој истакна дека оваа инвестиција е потврда за добрата бизнис клима во земјата, која што Владата, како што рече ќе продолжи да ја унапредува.