При склучување на договор со ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје за работа со ЛУКОИЛ картички потребно е да ги знаете следниве информации:
1. Читко и јасно се пополнува барањето во прилог
2. Договорот потребно е да се достави во дирекција или на било која бензинска станица во оригинал во 2 примерока.
3. Изработката на картичките е 3 работни дена од добивање на барањето.
4. Клиентот може да има неограничен број на картички
5. Картичките се на сметка на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје
6. Картичките може да се ограничат само за дизел гориво, за сите видови горива или за сите стоки и услуги на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
7. Картичките можат да бидат на само на име на фирма или на име на фирма и регистерски број на возило.
8. Доколку картичките бидат на регистерски број на возило, ниедно друго возило нема да може да точи на бензинските станици освен наведеното. Контролата ја вршат касиерите на нашите објекти.
9. Принципот регистерски број на возило соодветен со регистерски број на картичка е направен за заштита на клиентот и секако за да се избегне злоупотреба на службените средства.
10. Секоја картичка има свој сериски број и пин код.
11. Секоја картичка нема посебен лимит. Лимитот на уплатените средства се распоредува по клиент, а не по картичка. Тоа значи дека сите картички трошат од вкупниот износ на клиентот.
12. На крајот од секој месец добивате фактура со износот на потрошеното гориво.Заедно со фактурата следи и прилог со спецификација колку е потрошено од секоја картичка посебно.
13. Во текот на 24 часа, 7 дена во неделата имате пристап кон серверот на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје,со ваше корисничко име и лозинка каде што во секое време можете:
• да го проверите вашето моментално салдо
• да генерирате извештај за продажбите
• да ја промените Вашата лозинка
• да ги проверите тековните известувања
Извештаите за продажба ги содржат следниве информации
□ Серискиот број на Вашата картичка
□ Датум и час на полнење
□ Регистерски број на возилото (доколку има на самата картичка)
□ Број на испратницата
□ Име на артикл
□ Единечна цена на артиклот
□ Количина
□ Вкупен износ
□ Бензинска станица
□ Километража (доколку е внесена на самиот објект од купувачот)
14. За секое точење на објект, добивате испратница потпишана од нашиот касиер и вашиот возач.
15. Секоја испратница е изразена во спецификацијата,која што се праќа во прилог со фактурата на крајот на месецот.