ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

ЛУКОИЛ КЛУБ програма за лојалност

 

ЛУКОИЛ КЛУБ - ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА со функционалност PAY@PUMP

ЛУКОИЛ КЛУБ е програма за лојалност на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, преку која членовите на Програмата за лојалност се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно правилата и условите за членство во Програмата за лојалност.

За учество во Програмата за лојалност, секој клиент е потребно да има пластична ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, којашто може да се подигне на која било бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија, или пак да ја има инсталирано мобилната апликација LUKOIL CLUB  - MACEDONIA на својот телефон. Преку мобилната апликација вршите регистрација на нов корисник и со тоа станувате и Вие член на ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата.

Учесниците во Програмата имаат можност при купување гориво и дополнителен асортиман со ЛУКОИЛ КЛУБ картичките и/или мобилната апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка да собираат поени и истите да ги користат за купување горива и дополнителен асортиман во мрежата на бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.

На интернет-страницата www.lukoil.com.mk се наоѓаат сите официјални информации поврзани со правилата и со Програмата, а преку мобилната апликација LUKOIL CLUB  - MACEDONIA корисниците може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции како и други информации од Програмата.

КАКО СЕ ПРИСТАПУВА ВО ПРОГРАМАТА ЛУКОИЛ КЛУБ

За користење на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата, потребно е да поседувате кориснички број од македонски мобилен оператор. За активација на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката, ќе добиете СМС со 6-цифрен код кој е потребно да го вчитате во пристапницата за да станете активен член во Програмата.

Во Програмата ЛУКОИЛ КЛУБ се пристапува на следниве начини:

1. Со преземање на мобилната апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од Google play или App store под називот  LUKOIL CLUB - MACEDONIA која станува активна веднаш, без услови при регистарцијата.

2. Со подигнување на ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од продажните места на ЛУКОИЛ Македонија, за која е потребно да наточите минимум горива во вредност од 1.000,00 денари. ЛУКОИЛ КЛУБ картичката може да ја регистрирате на мобилната апликација LUKOIL CLUB  - MACEDONIA.

СТЕКНУВАЊЕ ПОЕНИ

По регистрација и активирање на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката имате право да стекнувате поени за трансакциите направени на продажните места на ЛУКОИЛ Македонија. Поените се стекнуваат така што пред купувањето потребно е да најавите дека сакате да ви бидат евидентирани поените, а при плаќањето потребно е да ја приложите ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или мобилната апликација.

Собраните поени од секое купување ќе може да се користат, односно ќе бидат активни за користење при следното купување.

Стекнатите поени од дополнителен асортиман се добиваат со минимална продажба на дополнителен асортиман од најмалку 200,00 денари со ДДВ. Табелата за стекнување на поените за горива може да ја погледнете во „Правилата и условите” на Програмата, на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и на официјалната страница www.lukoil.com.mk.

 

КОРИСТЕЊЕ ПОЕНИ

Стекнатите поени имаат номинална вредност за размена еднаква на 1 денар за секој стекнат поен. (100 поени = 100,00 ден.)

Поените од својата лична сметка може да ги користат само корисниците на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката.

Поените се користат така што при плаќање, треба однапред да го информирате вработениот на продажното место дека ќе ги користите стекнатите поени при плаќањето.

Потребно е да ја приложите ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или мобилната апликација и да потврдите дека плаќате со поени. Потоа, вашата личната сметка ќе се намали за вредноста на  поените колку што сте искористиле.

Собраните поени се валидни до 23:59 часот на 31 декември. По овој момент, собраните поени се анулираат.

Функционалност PAY@PUMP

PAY@PUMP е начин на плаќање при точење гориво на бензинските на ЛУКОИЛ Македонија, кој им овозможува на лојалните корисници во ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност да го спроведат целиот процес на точење и наплата на гориво, на принципот само услужување, односно корисниците да извршат плаќање на горивото на самиот пумпен автомат преку скенирање на QR код. Корисникот на PAY@PUMP за да го изврши плаќањето, мора да верификува платежна картичка во мобилната апликација ЛУКОИЛ КЛУБ.

На корисниците на PAY@PUMP покрај стекнатите поени од табелата, се стекнуваат дополнително и со директен попуст на горивата и ТНГ автоплин во висина од 0,5 денари со ддв по литар.

Ограничувања

Во Програмата ЛУКОИЛ КЛУБ, поени не може да се стекнат со купување цигари и ваучери за мобилен.

Поени не може да се стекнат при плаќање со други картички издадени од ЛУКОИЛ Македонија со посебни договори или други постоечки партнерски програми.

Поените не може да се заменат за готовина.

Поените не може да се подарат, да се префрлат, или на друг начин да се направат достапни за кое било друго лице, освен за носителот на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката, виртуелната ЛУКОИЛ КЛУБ картичка.

КЛУБ картичката во текот на 24 h може да ја користите само за 4 фискални сметки (трансакции), со направена 5-та фискална сметка (трансакција), картичката автоматски се блокира.

Издавање картички

Единствен овластен издавач на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките е ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.

 

 

Период на промоција во рамките на програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“

ЕКТО-горива, горива и ТНГ-автоплин дополнителни бонус поени на картичките „ЛУКОИЛ КЛУБ“

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 0 л до 4,99 л

0 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 5 л до 9,99 л

2 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 10 л до 14,99 л

4 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 15 л до 19,99 л

7 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 20 л до 24,99 л

10 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 25 л до 29,99 л

14 поени

Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 30 л +

20 поени

ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН АСОРТИМАН 1 % ОД ПРОДАЖНАТА ВРЕДНОСТ СО ДДВ

(ПОЕНИ НЕ СЕ ДОБИВААТ ПРИ КУПУВАЊЕ ЦИГАРИ И ОСТАНАТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, ЕЛЕКТРОНСКИ И ХАРТИЕНИ ВАУЧЕРИ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН)

 

1 Политика за приватност и заштита на лични податоци

1.1 Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.

1.2 Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата може да изберат дали издавачот да ги користи нивните лични податоци за директен (SMS и/или e-mail) маркетинг, а во согласност со законите во Република Северна Македонија.

1.3 Со прифаќање на овие правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Северна Македонија и со интерните правила на издавачот.

Линк до активна мобилна апликација Android - https://play.google.com/store/apps/details?id=com.lucoil_loyalty_mk&hl=en

Huaweii- https://appgallery.huawei.com/app/C106730637

2 Кои лични податоци ги собираме?

За користење на персонализирана ЛУКОИЛ КЛУБ картичка се процесираат следните податоци:

• Име и презиме, задолжително поле за регистрација на клиентот (персонализирање на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка)

• Општина, место на живеење, опционално поле за регистрација на клиентот (со цел известување на клиентот за евентуални промоции, бонус поени на бензинските станици во областа во која живее)

• Мобилен телефон, задолжително поле за регистрација на клиентот (корисникот добива СМС-код за регистрација)

• Електронска пошта, задолжително поле за регистрација на клиентот (корисникот добива код за регистрација)

• Датум на раѓање, опционално поле за регистрација на клиентот (за евентуални промоции, награди, доделување бонус поени на денот на раѓање на клиентот)

Доколку субјектот сака да добива информации за акциите и промоциите на бензинските станици како и известување околу стекнување дополнителни бонус поени), потребно е да ги достави следните податоци:

• мобилен телефон (задолжително поле при регистрација) и e-мејл адреса,

Личните податоци корисникот може да ги повлече, односно избрише со деактивирање на профилот од мобилната апликација или деактивирање на профилот на веб-страницата.

2

2.1 За кои цели?

Личните податоци ги обработуваме со цел на своите лојални потрошувачи да им овозможиме користење на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките, со кои ќе имаат одредени погодности и предности при купувањето. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.

Обработка на собраните лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци.

2.2 Рок на чување на податоците

Личните податоци се чуваат сè додека субјектот на личните податоци не ја повлече согласноста или се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на лични податоци, не она што е потребно за целите кои се обработуваат личните податоци или согласно член 9 став (1) алинеја 5 од Законот за заштита на лични податоци. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење едноставни средства да ја повлече дадената согласност со деактивација на

мобилната апликлација или деактивација на согласноста на веб-страницата согласно член 96, а во врска со член 11 од Законот за заштита на лични податоци.

2.3 Обработка на личните податоци

Обработката на личните податоци може да се врши:

• По претходно прифатена електронска согласност на субјектот на лични податоци;

• За цели на директен маркетинг, само доколку е дадена дополнителна согласност за обработка на личните податоци;

Личните податоци на субјектот ќе бидат избришани доколку поради некои причини Програмата престане или заврши;

Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства (еден до два клика во делот на својот профил) да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци на мобилната апликација или на веб-страницата.

2.4 Обврска за тајност и заштита на личните податоци

• Личните податоци кои се обработуваат се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и од неавторизиран пристап. Единствено авторизираните вработени имаат пристап

кон овие информации.

• Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат

читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.

• Заради спречување неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

• За сите податоци и документи во ЛУКОИЛ задолжително се применуваат техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

ЛУКОИЛ применува технички и организациски мерки кои се категоризирани на основно, средно и високо ниво за заштита на личните податоци кои се обработуваат во хартиена форма, како и преку внатрешниот информатички систем.

Видови категории на информациони ресурси (s; c; p):

• тајни информации - код за класификација: s

• доверливи информации - код за класификација: c

• јавна информација - код за класификација: p

Документација за технички и организациски мерки:

Системот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во ЛУКОИЛ се базира на следните интерни акти:

• Правилник за обезбедување на информационата безбедност во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;

• ИТ-план за континуитет на бизнисот во случај на катастрофа;

• Правилник за начинот на вршење видеонадзор во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;

• Правилник за дигиталните сертификати за работа во надворешен систем за вработени лица во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;

• Годишен план за извршување ревизија и процедура за техничко услужување во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.

Вработените и ангажираните лица во ЛУКОИЛ се должни секој во рамките на своите работни задачи да ги почитуваат и применуваат овие интерни акти.

Вработеното лице кое ги врши работите за човечки ресурси се грижи за уредноста на потпишана и складирана документација за секое вработено лице во сопственото досие, вклучително и изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци преку системите за обработка на податоци во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, како и овластување за вршење обработка на лични податоци.

2.5 Откривање на вашите податоци

ЛУКОИЛ Македонија не ги продава, разменува или изнајмува податоците на субјектот на лични податоци на трети страни, освен во следниве ситуации:

Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштита на личните податоци како и останатата важечка регулатива на РСМ.

2.6 Безбедност и чување на вашите лични податоци

Со цел максимална безбедност на личните податоци кои се обработуваат ЛУКОИЛ Македонија ги презема сите можни чекори на заштита. Се користат повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на личните податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.

Вработените во ЛУКОИЛ Македонија се запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата на лични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите. Сите лични податоци кои ни ги доставуваат субјектите на лични податоци, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничени правила за пристап и истите се лоцирани во безбедносни зони.

2.7 Права на субјектот на лични информации да биде информиран Субјектот на лични податоци има право од контролорот да побара информација дали се врши обработка

на неговите лични податоци;

Кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци:

• Увид во податоците, како и дополнувања, измени, бришење или запирање на понатамошна  обработка.

• Субјектот на лични податоци може да се обрати на офицерот за заштита на личните податоци во ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА на +389 2 3293-033, или по електронски пат на club@lukoil.com.mk Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на субјектот на лични податоци да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци. Контролорот се обврзува, субјектот на лични податоци да добие одговор на барањето во рок од 30 дена од денот на прием на барањето.

• Доколку субјектот на лични податоци не е задоволен од одговорот и од информациите дадени од

офицерот за заштита на личните податоци на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

• Кога офицерот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

3. Измена на политиката на приватност

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.

  • Правила и услови ЛУКОИЛ КЛУБ pay@pump
  • Често поставувани прашања

мобилна апликација

Почитувани клиенти, Картичката може да ја регистрирате и активирате на два начини: 1. Со инсталирање на мобилна апликација и пополнување на онлајн пристапница. 2. Со пополнување онлајн пристапница за ЛУКОИЛ КЛУБ картичка https://club.lukoil.com.mk .

1.Како можам да ја регистрирам и активирам картичката ЛУКОИЛ КЛУБ, за да учествувам во Програмата?
Картичката може да ја регистрирате и активирате со инсталирање на мобилна апликација
     
2.Што претставува програмата за лојалност ЛУКОИЛ КЛУБ?
Програмата за лојaлност ЛУКОИЛ КЛУБ е програма за клиентите на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, при што за секое купување на гориво и дополнителен асортиман, клиентот добива поени кои може да ги користи во продажната мрежа на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.      
    
3. На кој телефонски број можам да добијам информации околу ЛУКОИЛ КЛУБ картичката?
Информации можете да добиете на бесплатниот телефонски број 02 50 18 000.
    
4.Како може да се вклучам во Програмата?
За да учествувате вопрограмата треба да ја регистрирате и активирате вашата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка и да ја инсталирате мобилна апликација.
1. Потребно е да поседувате кориснички број од мобилен оператор
2. Да пополните online пристапница на мобилна апликација
     
5.Како можам да добијам ЛУКОИЛ КЛУБ картичка?
ЛУКОИЛ КЛУБ картичката е БЕСПЛАТНА и можете да ја подигнете од бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија со наточени минимум 1000 денари горива.

6.Поседувам ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, како да ја користам?
За да овозможите користење на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката потребно е да ја регистрирате на мобилна апликација LUKOIL CLUB - MACEDONIA
   
7.Дали можам да поседувам мобилна апликација и ЛУКОИЛ КЛУБ картичка истовремено?
Да, може да поседувате мобилна апликација и ЛУКОИЛ КЛУБ картичка истовремено, меѓутоа морате да ја регистрирате ЛУКОИЛ КЛУБ картичката на мобилната апликација.
    
8.Каков е рокот на важење на „ЛУКОИЛ -КЛУБ “ картичката?
Картичката е без рок на важење.
   
9.Дали со картичката ЛУКОИЛ КЛУБ ќе имам некакви попусти и поволности?
Да, со користење на вашата картичка ќе добивате поени согласно правилата и условите на Програмата коишто ќе може да ги искористите при купување на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија.
    
10.Кога започнува собирањето на поени на мојата картичка?
Програмата за лојалност “ЛУКОИЛ КЛУБ” започнува на 01.01, и од тој момент, во зависност од купената количина на гориво, купување
производи на дополнителен асортиман (без цигари, ваучери, карти за патарина) добивате поени на картичката.
     
11.Каде можам да ги најдам основните правила на Програмата?
Со правилата на Програмата можете да се запознаете на www.lukoil.com.mk или на мобилната апликација LUKOIL CLUB – MACEDONIA.
   
12.Дали ќе добивам поени само при купување на гориво?
Поени се добиваат при купување на гориво согласно скалата за поени, и при купувања од дополнителен асортиман. Поени не се добиваат при купување на цигари и останати тутунски производи, електронски и хартиени ваучери за мобилен телефон и картички за патарина.
    
13.Може ли да ги користам поените за да го платам горивото ?
Поените може да се користат од учесниците во програмата при купување на горива или производи и услуги од продавниците на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.      

14.Која е вредноста на поените?
1 (еден) поен е еднаков на 1 денар (еден) со вклучен ДДВ.
      
15.Имам собрано поголем број на поени. Дали може да ми бидат исплатени во готово?
Поените не подлежат на исплата во готово.
     
16.Каде може да ги користам поените?
Имате право да ги користите поените при купување на гориво и дополнителен асортиман на сите бензински на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје во рамките на Програмата.
     
17.Колку поени треба да имам за да можам да ги користам?
За да ги користите поените на Вашата картичка треба да имате собрано 1 или повеќе поени.
     
18.Доколку сметката ги надминува моите поени, дали постои можност за доплата?
Може да се направи целосно или делумно плаќање со поени. Остатокот се доплаќа во готово или со платежна картичка.
     
19.Доколку сметката ми е помала од собраните поени, може ли да го искористам остатокот на поени при следно купување?
Да, можете заклучно со 31.12 во тековната година.
    
20.До кога можам да ги користам поените?
Собраните поени се валидни до 23:59 ч на 31 декември во тековната година. По тој момент насобраните поени автоматски се анулираат.
     
21.Како можам да видам колку поени имам?
Бројот на собраните поени (вклучувајќи ги и поените од тековната набавка, се одбележуваат на фискалната сметка на бензинската станица при секое купување.Собраните поени исто така, можете да ги видите и преку мобилната апликација LUKOIL CLUB – MACEDONIA.
     
22.Дали е потребно да се регистрирам за да можам да собирам и користам поени?
За користење и собирање на поени, потребно е да имате активирана картичка ЛУКОИЛ КЛУБ која ја приложувате при секое купување на
гориво и дополнителен асортиман.
     
23.Може ли да ги користам собраните поени за купување на масла, антифриз и течности за стакла?
Да, можете да ги користите поените за купување на овие производи.
     
24.Може ли да ги користаам собраните поени за купување на електронски ваучери за надополнување на кредит, телефонски припејд картички и тутунски производи?
Имате право да ги користите поените при купување на гориво и било какви други производи од продавниците.
   
25.Ја загубив ЛУКОИЛ КЛУБ картичката со собрани поени. Што треба да направам?
При изгубена картичка деактивирајте ја истата во вашиот профил и регистрирајте ја вашата нова картичка. Поените се акумулираат на вашиот профил и истите не можат да се изгубат, т.е се префрлаат на Вашата ново регистрирана картичка.
   
26.Можам ли лично да ја деактивирам својата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка?
Да, можете лично да ја деактивирате картичката преку Вашиот профил на мобилната апликацијата LUKOIL CLUB – MACEDONIA.
     
27.Можам ли да ги променам своите лични податоци, кои претходно ги имам доставено при вклучување во програмата?
Да, можете лично да ги промените своите податоци со регистрирање на профилот или мобилната апликација
  
28.Дали можам да ги избришам своите лични податици внесени при регистрацијата во Програмата?
При бришење на вашиот профил се бришаат и личните податоци внeсени од Ваша страна при регистрација во Програмата. Тоа можете да го направите преку мобилната апликација на Вашиот профил.
     
29.Може ли да се откажам од учество во Програмата?
Да, Вие имате право да го прекинете Вашето учество во Програмата со бришење на вашиот профил.
     
30.Кој може да биде член на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата ?
Секое физичко лице кое има наполнето најмалку 18 години.
    
31.Дали се наплаќа членството во ЛУКОИЛ КЛУБ програмата ?
Членството во ЛУКОИЛ КЛУБ е бесплатно.
     
32.Како работи ЛУКУОИЛ клуб програмата ?
ЛУКОИЛ КЛУБ значи мобилна апликација или/и персонална картичка која се издава на физички лица и истата е поврзана со сметката на членот на Програмата за лојалност на која се евидентираат купувањата на членот на програмата за лојалност, стекнатите и искористените поени, како и други информации согласно со условите на Програмата; Сите останати картички издадени од ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје ( на пример картички за правни лица), картички од партнерски банки, ко-брендирани картички не учествуваат во Програмата на ЛУКОИЛ КЛУБ. За подетални информации можете да прочитате во “Правила и Услови” на програмата на www.lukoil.com.mk.
     
33.Каде можам да ја видам состојбата на мојата сметка ?
Корисниците може да направат увид во состојбата на поените преку мобилната апликација LUKOIL CLUB – MACEDONIA.
    
34.Во чија сопственост е ЛУКОИЛ клуб програмата ?
ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата е во сопственост на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
     
35.Како се заштитени моите податоци кои се дел од ЛУКОИЛ КЛУБ програмата ?
Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на Издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија. За подетални информации околу третирањето на податоците можете да прочитате во “Правила и Услови” на програмата на www.lukoil.com.mk.
     
36.Како ќе ги користите лични податоци собрани преку ЛУКОИЛ КЛУБ програмата
Личните податоци ги обработуваме со цел на своите лојални потрошувачи да им овозможиме користење на одредени поволности и придобивки при купувањето.

37.Што ако не ми се покажуваат стекнатите поени на мојата лична сметка ?
При појава на прашања поврзани со добивање на прецизни информации за добивање и користење на поените, Учесникот има право да направи рекламација до Организаторот преку електронската пошта club@lukoil.com.mk. Во овој мејл, учесникот треба да ги има дадено следните податоци: Име и презиме, број на ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, копија од фискална сметка со собрани поени. Со испраќање на рекламација, Учесникот дава согласност да добие одговор на електронската пошта од каде е испратена рекламацијата.
    
38.Кога ми се расположливи за користење стекнатите поени ?
По стекнување на поените, корисникот може веднаш да ги искористи.
     
39.До кога можам да ги користам стекнатите поени ?
Поените можат да се искористат до крајот на тековната година, потоа неискористените поени се анулират.
    
40.Дали ЛУКОИЛ клуб програмата може да се менува или да прекине ?
Организаторот има дискреционо право во секое време да ја прекине Програмата на еден или на сите свои објекти, како и да внесува промени во условите на Програмата (правила за пресметување на вредноста на бонус поените, вклучување или исклучување на производи и услуги за кои се добиваат или не се добиваат бонус поени, одредување на специјални цени итн.). За сите промени што ќе ги направи, ќе издаде соопштение за учесниците на веб сајтовите www.lukoil.com.mk.