Пуштена во употреба новата функционална услуга на ЛУКОИЛ Македонија - PAY@PUMP.
ЛУКОИЛ Македонија го прославува својот 15-годишен јубилеј
понеделник, 17 август 2020
На денот на одбележувањето на својата 15-годишнина, пак, ЛУКОИ Македонија ја отвори својата 32-ра бензинска станица во Кочани, која е и втора бензинска станица во овој град.
Во периодот од последните неколку години, ЛУКОИЛ Македонија се наоѓа во десетте најголеми плаќачи на данок во земјата, а и во рамките на глобалната групација ЛУКОИЛ, компанијата беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјата, но и пошироко.
Истовремено, ЛУКОИЛ Македонија во својата 15-годишна историја зема активно учество и од доменот на општествената одговорност, континуирано враќајќи ѝ на заедницата во која делува преку голем број проекти и иницијативи за зачувување на животната средина со користење на најдобрите достапни технологии, но и создавајќи безбедни услови за работа за вработените, грижејќи се за нивното здравје, како и за здравјето на сите граѓани на земјата. Во таа насока, компанијата годинава донираше гориво на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот.
Во изминатиот период колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на нашиот пазар, компанијата обрнува особено внимание и на своите вработени, како своја движечка сила, кои со својата професионалност, посветеност и упорен труд, се континуирано насочени кон создавање современа, ефикасна малопродажна мрежа и обезбедување врвна услуга за своите потрошувачи, со што директно придонесуваат и за успешниот развој на компанијата.