Пуштена во употреба новата функционална услуга на ЛУКОИЛ Македонија - PAY@PUMP.
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ОТВОРИ НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО КАВАДАРЦИ
недела, 08 јануари 2023
ЛУКОИЛ Македонија отвори нова и модерна бензинска станица лоцирана во Кавадарци на ул. Шишка бр.37. Бензинската станица, која е 35-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 4.200 м2 и e изградена според најновиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила. На бензинската станица ќе бидат вработени 14 лица, обучени според професионалните компаниски програми.
На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ- автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица нуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.