ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопje

News

ЛУКОИЛ Македонија за своите лојални потрошувачи ја разви PAY@PUMP

{ 16.10.2024 17:07:45 }

ЛУКОИЛ Македонија за своите лојални потрошувачи ја разви PAY@PUMP - нова функционална услуга во рамките на постоечката мобилна апликација ЛУКОИЛ КЛУБ. Со PAY@PUMP можете да ја платите сметката за гориво преку мобилната апликација ЛУКОИЛ КЛУБ.  Функционалноста е достапна на осум бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија ширум земјата и ви овозможува сметката за гориво да ја платите брзо и лесно, со вашиот мобилен телефон, од удобноста на вашиот автомобил.

Споделуваме со вас неколку чекори како да ја користите PAY@PUMP:

• Преземете ја ЛУКОИЛ КЛУБ апликацијата од App Store, Play Store или Huawei AppGallery

• Наточете гориво

• Скенирајте го QR кодот на бензинската пумпа

• Платете ја сметката со вашиот мобилен телефон и продолжете со возењето

 

Побарајте го PAY@PUMP знакот на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица и Штип и заштедете време!

  • Вест во формат PDF

Можеби Вие ке бидете заинтересирани