ОДРЖАНИ ДЕВЕТТИ СПОРТСКИ ИГРИ НА БАЛКАНСКАТА МЕЃУРЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЛУКОИЛ“
вторник, 15 април 2025
Во период од 10 до 13 април 2025 г. во Охрид, Македонија, беа одржани деветтите спортски игри на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ. Во него зедоа учество вработени од „ЛУКОИЛ Србија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Македонија“, „ЛУКОИЛ Црна Гора“, „ЛУКОИЛ Бугарија“ и „ЛУКОИЛ Романија“.
Вработените се натпреваруваа во повеќе дисциплини: фудбал, баскет, одбојка, народна, пинг-понг, пикадо во машка, женска и мешана конкуренција.
Во вкупниот пласман, тимот на „ЛУКОИЛ Србија“ беше победник, а потоа со неколку бодови разлика следат тимовите на „ЛУКОИЛ Македонија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Црна Гора“, „ЛУКОИЛ Бугарија“ и „ЛУКОИЛ Романија“. Тимот на „ЛУКОИЛ Македонија“ се покажа во најдобро светло со освојување на првото место во баскет.
Овој вид настани се од голема важност за задржување на тимскиот дух, а тоа е една од главните заложби на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ.



