ОДРЖАНИ СЕДМИ СПОРТСКИ ИГРИ НА БАЛКАНСКАТА МЕЃУРЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЛУКОИЛ“ ВО ЗЛАТИБОР
понеделник, 24 април 2023
Во периодот од 19 до 23 април 2023 година во Златибор, Србија, беа одржани седмите спортски игри на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ. Во него зедоа учество 150 вработени од „ЛУКОИЛ Србија“, „ЛУКОИЛ Хрватска“, „ЛУКОИЛ Македонија“, „ЛУКОИЛ Црна Гора“ и „ЛУКОИЛ Бугарија“.
Вработените се натпреваруваа во повеќе дисциплини: фудбал, баскет, одбојка, народна, пинг-понг, пикадо во машка, женска и мешана конкуренција.
Во вкупниот пласман, тимот на „ЛУКОИЛ Србија“ беше победник, а потоа со неколку бодови разлика следат тимовите на „ЛУКОИЛ Бугарија“, „ЛУКОИЛ Македонија“ „ЛУКОИЛ Хрватска“,и „Црна Гора“. Тимот на „ЛУКОИЛ Македонија“ се покажа во најдобро светло со освојување на првото место во фудбал и баскет.
Овој вид настани се од голема важност за задржување на тимскиот дух, а тоа е една од главните заложби на Балканската меѓурегионална организација на ЛУКОИЛ.