Пуштена во употреба новата функционална услуга на ЛУКОИЛ Македонија - PAY@PUMP.
РЕКОНСТРУИРАНИ БЕНЗИНСКИТЕ СТАНИЦИ ВО ШТИП И СТРУМИЦА СОГЛАСНО НОВИОТ КОРПОРАТИВЕН СТИЛ НА ЛУКОИЛ
среда, 30 март 2022
ЛУКОИЛ Македонија ги реконструираше бензинските станици во Штип на ул. Гоце Делчев бб,- на излез во Штип и Струмица на ул. Гоце Делчев бр. 160, - на излез од Струмица, пат кон Бугарија, согласно новиот корпоративен стил на ЛУКОИЛ.
На бензинските станици во Штип и Струмица потрошувачите можат да се снабдат со брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, гориво кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, широк спектар на масла од палетата на ЛУКОИЛ, голем избор на дополнителен асортиман во маркетите, wi-fi, да направат пауза за одмор на летна тераса и други поволности.