КОМБО понуда само за клиентите на ЛУКОИЛ бензинските станици – освежете се со еспресо + Coca-Cola по цена од 80 денари❗
Акцијата важи до 31.12.2023г.
КОМБО понуда само за клиентите на ЛУКОИЛ бензинските станици – освежете се со еспресо + Coca-Cola по цена од 80 денари❗
Акцијата важи до 31.12.2023г.
Со сметка од 1000 денари за гориво и купена АМСМ картичка на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија, добивате бесплатна проверка на вашето возило во сервисите на АМСМ.
Проверката вклучува бесплатни сервисни услуги и тоа:
- Проверка на антифриз во системот за ладење;
- Проверка на сопирачки и глицерин;
- Проверка на акумулатор;
- Проверка на предница и возна постројка;
- Проверка на амортизери; и
- Проверка на осветлување.
Дополнително со секоја купена и активирана АМСМ картичка добивате и специјални попусти: 20% попуст на работна рака во сервис, и 5% до 10% на резервни делови.
Акцијата важи од 06.02.2023 до 28.02.2023 година.
Закажете бесплатна проверка на возило на телефон:02/3181-181
Месецот на љубовта го одбележуваме со прекрасна акција на бензинските станици на ЛУКОИЛ.
Со секој купен Aroma освежувач срце, добивате уште еден гратис.
Акцијата трае од 03.02.2023 до 28.02.2023 година или до потрошување на залихите.
За новата авантура да ви биде уште поинтересна, ЛУКОИЛ со нова акција - NES Hiking! Со секоја сметка над 1000 денари добивате 1 печат. Соберете 3 печати и купете NES Hiking производ до 60% пониска цена.
Акцијата трае од 15.01.2023 до 10.04.2023 година.
За наградната игра „Собери 4 поени на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и освој вредни награди”
Учество во наградната игра на „ЛУКОИЛ Македонија” ќе можат да земат сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе соберат минимум 4 поени на својата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и ќе испратат СМС порака на бројот 14775, со следнава содржина: БРОЈ НА СЛИП–СМЕТКА (празно место) LUKOIL (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛИП – СМЕТКА (пример на формат за СМС порака: 12345 LUKOIL 16:03).
Наградната игра трае од 24.10.2022 година до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени вкупно 1 ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8 ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32 ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми.
Извлекувањето ќе биде по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 26.12.2022 година ќе биде извлечена главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“.
Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на 072 917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.
Список на добитници од првото извлекување на наградната игра
Список на добитници од второто извлекување на наградната игра
Список на добитници од трето извлекување на наградната игра
Список на добитници од четврто извлекување на наградната игра
Започни ја секоја среда на вистински начин!
Нова неодолива акција на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија - Секоја среда, нашето премиум кафе ви носи дополнителни 10 поени на вашата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација! ☕️
📌Акцијата трае од 30.11.2022 до 18.01.2023 година.
Забрзување со двојни поени!
Наполнете 30 + литри ЕКТО гориво и добијте ДВОЈНО повеќе поени на вашата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација!
Акцијата важи само за ЕКТО горивата од 10.10.2022 до 10.12.2022 година.
Поените можете да ги искористите најдоцна до 31.12.2022 година.
01.10.2022-15.01.2023
Најпродаваната колекција на Rosmarino Chili достапна за вас на ЛУКОИЛ бензинските станици со намалена цена до 60%.
Соберете 3 печати (со сметка над 1.000 денари добивате 1 печат) и купете некој од производите на флаерот со неверојатни попусти!
Со купени 3 ХЕЛ енергетски пијалоци, добивате грепка со која станувате потенцијален добитник на некоја од вредните награди:
• Плеј стејшн - 2 главна награда
• Електричен тротинет - 2 главна награда
• Хел Маички - 100
• Хел Торби - 100
• Хел лименки - 7000
Акцијата трае од 20.06.2022 до 20.09.2022
Опремете се со најдобрите алатки од висококвалитетната програма на Шефилд Ричардсон!
Соберете 3 печати (со сметка над 1.000 денари добивате 1 печат) и купете некој од производите на флаерот со неверојатни попусти до 60%!
Акцијата трае од 15.04.2022 до 15.07.2022
Неодолива комбо понуда за сите љубители на кафето, Еспресо за енергија + Кока Кола за освежување!
Акцијата е достапна на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија до 31.12.2022 година.
Ве очекуваме на вашата следна пауза.
Соберете 3 печати во периодот од 20.1.2022 – 15.4.2022 и купете го посакуваниот производ од ECG по поволна цена.
Со секоја сметка над 1000 денари добивате 1 печат.
Целосно подновете ја вашата кујнска опрема со BUGATTI PRESTIGIO, соберете 3 печати и остварете попуст до 60% на продуктите од флаерот. Со секоја сметка од минимум 1000 денари, следува печат.
Акцијата е достапна на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија од 15.10.2021 до 15.01.2022 година.
Наградна игра, ЛУКОИЛ КЛУБ АВАНТУРА!
Собери минимум 4 поени преку ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност.
Бројот со 10 цифри од слип-сметката испрати го на 14775 како СМС-порака.
Играј за АТВ возило или ваучер за гориво.
СО ЛУКОИЛ КЛУБ СЕКОГАШ ДОБИВАМ ПОВЕЌЕ!
Наградната игра трае од 11.10.2021 до 19.12.2021.
Среќно!
ЛУКОИЛ Македонија и HELL подаруваат!
Со 3 купени Хелл пијалоци од било кој вкус (енергетски или кафе) добивате грепка на каса.
Сите грепки се добитни, а можеби ти ќе бидеш добитник на една од главните награди: 3 велосипеди или гејмерска столица.
Споредни награди: слушалки,часовници,капи,маички.
Акцијата е достапна на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија и трае од 17.09.2021 до 17.11.2021 година или до дотрошување на грепките.
Нова акција!
Во период од 15.07 до 15.10.2021 година, заштедете дури 60% и изберете некој од DUCATI CORSE продуктите.
Dolce & Gabbana, Calvin Klein, Burberry… само на бензинските станици на ЛУКОИЛ имате ексклузивна можност да набавите парфеми од познати светски брендови со дури 50% попуст! Покрај големите попусти, секој корисник на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката, добива и дополнителни 10 поени на својата сметка!
Акцијата трае од 01.01.2021-31.12.2021
За секој купен Хелл енергетски пијалок и Бејк ролс бран, добијте дополнителни 5 поени на вашата ЛУКОИЛ КЛУБ КАРТИЧКА!
Акцијата трае од 01.05.2021-30.06.2021!
За секој купен ПЛАЗМА ПЛУС производ, добиј дополнителни 5 поени на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ Картичка.
Акцијата трае од 15.04.2021 - 15.05.2021.
За секој купен производ од Прилепска пиварница во 1,5 пакување добивате дополнителни 5 поени на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ Картичка.
Акцијата трае од 01.05.2021 - 31.05.2021.
Купи Линдт Корнет асорти 200 гр или Линдт Корнет млечен 200 гр и добиј дополнителни 25 поени плус на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка
Акцијата трае од 01.04.2021-30.04.2021
Купи 4 лименки Монстер на било која бензинска станица на ЛУКОИЛ и стани потенцијален добитник на Yamaha уникатен мотор.
Наградната игра трае до 09.09.2020 година.
Извлекување на 23.09.2020.
11.11-30.12.2019
За учество за една од вредните награди потрошувачите потребно е да направат сметка од минимум 1.000 денари за наточено гориво или за кои било производи купени на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и да испратат СМС порака со бројот на фискалната сметка на телефонскиот број 149499. Наградната игра и можноста за освојување на една од вредните награди трае до крајот на годината односно сѐ до 30.12.2019 г.
Покрај главната награда ŠKODA KAROQ, верните клиенти на ЛУКОИЛ Македонија имаат можност да станат еден од потенцијалните добитници и на многу други атрактивни награди, како кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 ден., таблети Samsung Galaxy, ваучери за спортска облека од 3.000 ден., ваучери за гориво од ЛУКОИЛ Македонија од 2.000 ден., смарт часовници и ЛУКОИЛ масла Genesis.
Извлекувањата ќе се вршат 7 недели последователно, односно секој понеделник ќе биде резервиран за носење радост за дваесетина лојални корисници на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија. Секој понеделник, во игра ќе бидат СМС пораките испратени од претходната недела, а добитниците на наградите од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето, на интернет-страницата www.lukoil.com.mk.
Важна напомена за сите корисници е да ја чуваат оригиналната фискална сметка со која учествуваат во наградната игра како доказ за користењето и купувањето од која било 31-на бензинска станица на ЛУКОИЛ на територијата на Македонија.
Контакт центар за наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија 023207730
Среќно!
Добитници од извлекување 18.11.2019
Добитници од извлекување 25.11.2019
Започни ја твојата нова непроценлива авантура и летување со ЛУКОИЛ и Mastercard – со секоја направена сметка на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија над 1.000 денари платена со вашата Mastercard бесконтактна картичка, добивате ГРАТИС големо пакување чипс.
Акцијата важи секој ден на следните бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија:
•БС Куманово 2, ул. населено место без уличен систем бр. Мачја глава Куманово, Автопат Е75
•БС Гевгелија, Автопат Е75, А1 Богородица, Гевгелија
•БС Гевгелија 2, ул. Бошко Бозаџиев бр.6 А, Мрзенци, пред влезот во Грција, Автопат Е 75
Ве очекуваме!
01.10.2019-15.01.2020
Погодности за нашите лојални потрошувачи до 50% ПОПУСТ на Black and decker алати!
Со секоја сметка над 1.000 денари добивате по 1 печат –соберете 3 печати во периодот од 01.10.2019 до 15.01.2020.
Повелете на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и купете го потребниот алат за вашиот дом по поволна цена.
01.10-31.12.2019
OSRAM Night breaker Unlimited светилките сега на ПОЛОВИНА ЦЕНА до крајот на годината – само на ЛУКОИЛ бензинските станици низ Македонија. Ве очекуваме!
04.09-04.10.2019
За успешен старт на школската година!
Повелете на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и со секоја сметка над 1.000 денари, добивате 15% попуст на целиот асортиман училишни производи, во сите книжарници на Просветно Дело.
Промоцијата трае од 04.09.2019 до 04.10.2019 година!
01.09.2019-30.09.2019
На сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија во период од 01.09.2019-30.09.2019 можете да купите пакет производ КОМБО ЛИОН + ГОРСКА ВОДА по намалена цена.
Ве очекуваме!
06.08.2019-30.09.2019
Ексклузивна КОМБО понуда само за клиентите на ЛУКОИЛ бензинските станици – освежете се со еспресо + Coca-Cola 0,45 или Coca-Cola Zero 0,45 по намалена цена од 59 денари❗
Акцијата важи од 6.08.2019 до 30.09.2019г.
01.07-31.08.2019
Совршената комбинација за долгите патувања! Со секој купен Pringles чипс, ние ти ПОДАРУВАМЕ Sola ладен чај!
Грицкај, освежи се и уживај!
10.06-31.08.2019
Секогаш е потребно да носите резервни делови и опрема во вашиот автомобил, а сега можете и на 50% ПОПУСТ! OSRAM светилки – на половина цена само на ЛУКОИЛ бензинските станици!
Акцијата важи на сите бензински станици.
Цената со попуст на H4 изнесува 99,00 денари, а цената на H7 188,00 денари.
Ве очекуваме!
01.06-30.09.2019
ПОПУСТ до 50% на ECG производите на сите ЛУКОИЛ бензински станици!
Со секоја сметка над 1.000 ден. на ЛУКОИЛ бензинските
станици добивате 1 печат . Соберете 3 печати за можност
до 50% попуст.
Еспресо + Twix по промотивна цена!
Акцијата важи на сите бензински станици и трае од 01.06-31.08.2019
02.06-30.06.2019
Секоја недела во јуни ПОПУСТ на ТНГ-автоплин по намалена цена од 1 денар/литар.
Акцијата важи на следните бензински станици:
Ве очекуваме!
24.05.2019
Празниците започни ги со кафе!
Повелете на гратис кафе на следните бензински станици:
БС Аеродром во Скопје
БС Првомајска во Скопје
БС Стража
Акцијата важи во петок 24 мај од 08 до 12 часот.
* Клиентите во овој временски период добиваат гратис кафе со приложување на фискална сметка издадена во периодот на акцијата на една од наведените бензински станици. Гратис кафето се добива на истата бензинска станица каде е издадена фискална сметка.
Ве очекуваме!
06.05.2019-10.06.2019
Од 06 мај до 10 јуни 2019 година на БС Камник во Скопје, со секоја сметка над 1.500,00 денари во вретраење на акцијата, добивате гратис перење на Вашето возило.
Адреса на бензинската станица:
Бул. „Александар Македонски“ бр. 2, Скопје
телефон:+389(0)2 2580 566
25.04-26.04.2019
По повод Велигденските празници, ЛУКОИЛ Македонија организира акција гратис кафе за секој клиент на следните бензински станици:
Акцијата важи во четврток 25 април од 16 до 20 часот и петок 26 април од 08 до 12 часот.
* Клиентите во овој временски период добиваат гратис кафе со приложување на фискална сметка издадена во периодот на акцијата на една од наведените бензински станици. Гратис кафето се добива на истата бензинска станица каде е издадена фискална сметка.
Ве очекуваме!
15.02.2019-31.05.2019
Од 15 Февруар до 31 Мај 2019 година на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија имате можност да купите производи Искра со промотивни цени намалени до 50%.
Акцијата важи на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија!
02.04.2019- до исцрпување на залихите
На сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија со секое купено чоколадо Корни Мусли 50гр. добивате гратис Корни Мусли 25гр.
15.02.2019-15.03.2019
Супер акциска цена од 45 денари на Plazma на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија!
01.01.2019-31.03.2019
Супер акциска цена на чорапи за снег од 1290 денари на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија!
08.02.2019-31.03.2019
На сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија супер акција со намалена цена на Сонакс течност против замрзнување од 399 денари!
11.02.2019-11.03.2019
Busto акција со намалена цена 20%.
Акцијата важи на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија
17.01.2019 - до исцрпување на залихите
Со било кој купен Твинс сендвич, добивате ГРАТИС Марвик пудинг ванила или чоколадо по Ваш избор, на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија!
Ве очекуваме!
01.10-14.12.2018
Денес официјално започна новата, голема наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија, под наслов „ПОЛНИ ГОРИВО НА ЛУКОИЛ И ДОБИЈ СЕАТ ЛЕОН”.
Наградната игра ќе трае од 1 октомври до 14 декември 2018 година, а како и во досегашните наградни игри на ЛУКОИЛ, условите и начинот на учество се многу едноставни, а наградите се навистина вредни.
Се‘ што треба да направите е да направите сметка во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на ЛУКОИЛ во нашата држава, и да го испратите бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, а извлекувањата на добитниците ќе се вршат на секои две недели.
Најсреќниот добитник ќе ја има можноста да добие нов автомобил Seat Leon 1.6 TDI 90 KC, а покрај главната награда верните потрошувачи ќе бидат наградени и со таблети Samsung, масла ЛУКОИЛ Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1000 денари.
Извлекувањата ќе се вршат во 5 кола, а веќе првите добитници ќе бидат извлечени на 15.10. Понатаму датумите кои треба да ги запомните се 29.10, 12.11, 26.11, и главното извлекување кога ќе биде доделен автомобилот е на 14.12.2018 година.
Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации за наградната игра на веб страниците www.lukoil.com.mk и на микросајтот на наградната игра- www.lukoiltenagraduva.mk. По овој повод, отворена е и телефонска линија за поддршка на прашањата во врска со наградната игра преку инфолинијата (02) 3 217 667 која функционира секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
01.11-31.12.2018
Направи сметка од 2.500,00 денари на бензинската станица на ЛУКОИЛ во Лешок, Тетово и добиј гратис перење за твоето возило.
Акцијата трае од 01.11.2018 до 31.12.2018 година.
Адреса на бензинската станица:
Тетово, ул. 101 бр.12, Лешок, Теарце
телефон +389(0)44 361 033
01.11.2018-31.01.2019
Со секоја сметка на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија во вредност од 1.000,00 денари добивате еден печат.
Со собрани 3 печати можете да остварите попуст и до 60% на некои од производите од колекцијата ROSMARIN BLACK LAVA STONE.
Производите може да се најдат на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија. Акцијата трае во период од 01.11.2018 до 31.01.2019 година.
Купоните, со соодветна доплата може да се заменат за ROSMARIN BLACK LAVA STONE во период од 01.11.2018 до 31.01.2019 година на сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија или до траење на залихите.
01.07- 30.09.2018
Од 01 Јули до 30 Септември 2018 година со собрани 3 печати имате можност да купите производи Искра со промотивни цени намалени и до 50%.
*Понудата е валидна до завршување на залихите
12 март до 12 јуни 2018
Наполни гориво за 1.000 денари на ЛУКОИЛ и освој патување за двајца во Москва на фудбалското финале од Светското првенство во Русија! Плус играј за патување за тројца на фудбалското полуфинале во Санкт Петербург, за телевизори и за ваучери за спортска опрема.
Испрати го бројот од фискалната сметка на 149 499 и подготви се за големиот фудбалски спектакл!
Извлекувањата се секоја втора недела, а наградната игра трае од 12 март до 12 јуни.
За сите останати прашања и подигнувањето на наградите јавете се на нашата ИНФО линија 320 91 88 (работно време од 09 – 17:00 часот).
01.06-15.06.2018
Акцијата важи на следните бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија:
БС Трубарево, Скопје
БС Драчево, Скопје
БС Лешок, Тетово
БС Кичево
Акцијата трае од 25.03.2018-25.05.2018
Со секоја направена сметка од 1. 000 денари, добивате можност да купите моторно масло од 4 литри по акциска цена.
Изберете го маслото од ЛУКОИЛ кое најмногу ви одговара:
- LUKOIL LUXE 10W-40, SL/CF, 4/1, претежно за бензински мотори од 900,00 денари намалено на 750,00 денари.
- LUKOIL AVANTGARDE ULTRA 10W-40, CI/SL, 4/1, претежно за дизел мотори од 950,00 денари намалено на 800,00 денари.
Со секоја направена сметка од 3. 000 денари, добивате одлична можност да купите моторно масло од 18 литри LUKOIL AVANTGARDE ULTRA 10W-40, CI-4/SL, 18/1, од 3.500,00 денари намалено на 2.700,00 денари.
Цените се со ДДВ.
1 Април до 30 Јуни 2018
Од 1 Април до 30 Јуни 2018 година со собрани 3 печати имате можност да купите производи Искра со промотивни цени намалени и до 50%.
*Понудата е валидна до завршување на залихите
АКЦИЈАТА трае од 09 март до 09 април
Направи сметка од 1500 денари и добиј ГРАТИС ПЕРЕЊЕ за твоето возило на бензинската станица ЛУКОИЛ на КАМНИК.
Со секоја сметка од 1000 денари, оствари попуст од 60% на врвните перници Memodream
Артиклите се во понуда од 15 01 2018 до 31 03 2018 или додека траат залихите
Во период од 15 јануари до 31 март 2018* година собирајте купони и купете некој од понудените производи на ECG со промотивни цени намалени до 50%/
*понудата е валидна до завршување на залихите
18.09- 10 12.2017
Наполнете гориво за 1 000 денари на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ и освојте:
- 7 дена за двајца во Москва
- 30 ваучери за патување
Едноставно испратете го бројот од вашата фискална сметка на 142 241* и очекувајте да бидете еден од многуте среќни добитници.
Прочитајте ги правилата на игра на www.lukoil.com.mk
Наградната игра трае до 10 декември 2017 .За сите останати прашања и подигнувањето на наградите јавете се на нашата ИНФО линија 320 76 67 (работно време од 09 – 17:00 часот).
*Цената на смс порака е 5,9 ден. со ДДВ.
18.10.2017
ЛУКОИЛ Македонија од неодамна на своите бензински станици започна со продажба на нови иновативни подобрени горива ЕКТО Спорт и ЕКТО Плус кои ја подобруваат моќноста и економичноста на моторот, истовремено овозможувајќи заштита на животната средина.
Брендираните ЕКТО Спорт и ЕКТО Плус од ЛУКОИЛ се создадени во согласност со европските стандарди и регулативи за користење на современи и еколошки горива, но и во склад со начинот и темпото на современото живеење.
01.08.2017-2017
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ остварија меѓусебна соработка во насока за подобрување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку реализација на активности за едукација на учесниците во сообраќајот и подигање на јавната свест и унапредување на културата и етиката кај сите учесници во патниот сообраќај.
17.10.2018-15.01.2018
Собери 5 печати и добиј 50% попуст на твојот омилен Fiskars производ
15.07.2017 — 15.10.2017
Во период од 15.07.2017 до 15.10.2017 собирајте купони и купете некој од понудените производи на Tefal на ЛУКОИЛ бензинските станици!
Искористи ја можноста и попустот до 54%.
19.08.2017 – 30.09.2017
Во периодот од 19.08.2017 – 30.09.2017 со секоја купена кесичка Чипси, добиј бесплатно Пепси 0,5 л во сите објекти на ЛУКОИЛ Македонија.
Побарај го твојот гратис производ на каса!
Секоја кесичка е добитна!
03.07.2017-30.09.2017
Во периодот од 03.07.2017 до 30.09.2017 за секоја сметка од 700,00 ден. направена во било кој од малопродажните објекти на ЛУКОИЛ, добивате печат на специјално наменетите акциски флаери. Со собирање на три печати, се стекнувате со правото да купите оригинални играчки со попуст од 50% за Вашите најмили. И тоа не е сè! За доплата од само 1 денар, добивате и втор дополнителен производ . Посетете ги нашите бензински станици !
01.05.2017-30.06.2017
Единствен вкус, две задоволства!
Сочна крем Karuzo пита + Hausbrandt кафе на бензинските станици на „ЛУКОИЛ Македонија„
01.04.2017-до потрошување на залихите
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА за своите верни потрошувачи повторно организира промотивна акција во периодот од 01.04.2015 до потрошување на залихите.
Наточете гориво во вредност од 1000 денари, соберете три печати и ќе имате можност да купите производи од висококвалитетниот германски бренд Wurth, производи по намалени цени и до 50%.
13.02.2017—13.03.2017
На дел од бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија во период од 13.02.2017 до 13.03.2017 можете да купите Snickers hazelnut и Bounty dark limited edition.
25.01.2017—31.03.2017
Salewa&Savoy брендовите кои се синоним за спорт, putdoor активности како и висок квалитет и уникатен дизајн, сега и на ЛУКОИЛ бензинските како дел од лојалити програмата за оваа поларна зима! Искористи ја можноста и попустот од 50%.
15.12.2016 — 2017
Со користење на моторните масла на ЛУКОИЛ од 15 декември 2016 година додека траат залихите учествувате во новата наградна игра.
За секое купено масло GENESIS или LUX од ЛУКОИЛ од 1, 4 или 5 литри, добивате подарок гребалка за стакло.