ЛУКОИЛ досега има инвестирано најмалку 38 милиони долари во Македонија
ЛУКОИЛ е присутен на македонскиот пазарот веќе седум години. За овој период, како директни инвестиции од компанијата во земјава се влезени над 38 милиони долари. Но, во интеврјуто на порталот економски.мк, генералниот директор на компанијата, Андреј Михајлович Куку, вели дека ова е само мал дел од вкупната инвестиција на рускиот гигант во земјава. Компанијата вработува околу 350 работници кои, според Куку, се најдрагоцениот капитал на ЛУКОИЛ.