Cross acceptance - поволност за корисниците на програмата за лојалност ЛУКОИЛ КЛУБ
вторник, 19 август 2025
Доколку патувате во Србија, Црна Гора, Хрватска, а од оваа година и во Бугарија и Романија, и сте дел од ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, на бензинските станици на ЛУКОИЛ можете да добиете директен попуст на каса со скенирање на вашиот QR код од мобилната апликација.
Попустот изнесува 1% за горива и ТНГ во Србија, Хрватска Црна Гора и Романија, во Бугарија 0.05 BGN за литар гориво и 0,03 BGN за литар ТНГ. Попустот за производи од маркет во сите земји изнесува 3%!
Ви посакуваме среќен пат!