Пуштена во употреба новата функционална услуга на ЛУКОИЛ Македонија - PAY@PUMP.
ПО ПОВОД 30 ГОДИШНИНАТА НА ЛУКОИЛ ИЗДАДЕНА ЈУБИЛЕЈНА ПОШТЕНСКА МАРКА
вторник, 23 ноември 2021
Во Москва се одржа свечена церемонија за пуштање во употреба на поштенска марка посветена на 30-годишнината на ЈАД „ЛУКОИЛ“. На свеченоста присуствуваа претседателот на компанијата Вагит Алекперов и претседателот на Управниот одбор на „Марка“ АД Олег Духовницкиј.
Вредноста на поштенската марка со слика од семејството на работниците од нафтената индустрија со инфраструктурните објекти на Компанијата и интерактивниот павилјон „Нафта“ на ВДНХ во позадина, изнесува 60 рубљи и е отпечатена во тираж од 108.000 примероци. Дизајнот го креираше Сергеј Улјанов, еден од водечките сликари на поштенски минијатури.
Поштенската марка ја испечати компанијата „Марка“ АД и денес беше пуштена во продажба, низ поштите во Руската Федерација и мрежата на салони „Колекционер“. Поштенските марки посветени на 30-годишнината на ЛУКОИЛ може да се користат за испраќање поштенска кореспонденција во Русија и во странство.
Традиционалното печатење на државни симболи за поштенско плаќање се посвететуваат на големи историски настани, познати личности и компании значајни за руската економија.